Скокна цената - колку чини денес барел нафта?
Нафтата поскапи во светски рамки. Цената на нафтата повторно се искачи над 100 долари за барел.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 31 цент во однос на претходниот ден, на 100,34 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена, по 94,29 долари, пренесува SEEbiz.
Од февруари, суровата нафта постојано се тргува по повеќе од 100 долари за барел, што ги зголемува трошоците за живот во многу земји, пишува Би-Би-Си.
Претходно, цената на нафтата паѓаше поради загриженоста за побарувачката.
foto freepik.com/user33056036
Слично
