Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скокаат цените на нафтата - што можеме да очекуваме?

Скокаат цените на нафтата - што можеме да очекуваме?

Се зголемија цените на нафтата глобално. Цените на нафтата на меѓународните берзи се во пораст и се приближија до 72 долари за барел.

На берзата во Лондон денеска барел нафта се тргуваше за 71,81 долар што е раст од 18 центи, додека барел нафтата во САД чинеше 68,67 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во јуни одлучи да го зголеми производството на нафта за 400.000 барели дневно од крајот на летото до крајот на годината, но САД побараа зголемувањето да биде пообемно за да не се загрози обновата на светската економија од коронакризата.

Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа за повеќе од 10 проценти минатата недела, што е нивниот најголем неделен скок во повеќе од една година, затоа што поради ураганот Ида, голем дел од производството на нафта во Мексиканскиот Залив беше затворено.

Слично

Поврзани вести