Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОК ЗА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ОТСТО: Порасна цената на нафтата

СКОК ЗА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ОТСТО: Порасна цената на нафтата

Цената на „црното злато“ порасна на едномесечен максимум.

Цената на нафтата денеска скокна за повеќе од три отсто на едномесечен максимум, по сигналите за пораст на побарувачката во Кина. 

Нафтата од типот „brent“ порасна за 1,21 отсто и денеска се тргуваше по цена од 32,34 долари за барел.

Таа вчера поскапе за речиси седум проценти, па се очекува на неделно ниво да забележи раст од 3 отсто.

Американската лесна нафта „WTI“ ја зголеми цената за 92 центи или 3,3 отсто и сега чини 28,48 долари за барел,

„WTI“ во четвртокот регистрираше скок од девет проценти и е на пат да го заокружи тринеделниот раст. 

Америка вчера ја зголеми цената на нафтата. 

Намалувањето на комерцијалните залихи на нафта во САД за 0,7 милиони барели доведе до раст на цената. 

Слично

Поврзани вести