Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОК НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Maкедоцните во август заработувале повеќе од лани истиот период

СКОК НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Maкедоцните во август заработувале повеќе од лани истиот период

Се зголемиле платите во Македонија, покажуваат статистиките. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари.

Бруто-платата изнесува 37.322 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во август пораснала за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 103.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.9 %), Транспорт и складирање (7.3 %) и Информации и комуникации (5.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (4.7 %), Уметност, забава и рекреација (3.5 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.3 %).

Слично

Поврзани вести