Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скок на популарноста на Ердоган по обидот за пуч

Скок на популарноста на Ердоган по обидот за пуч

Популарноста на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган по обидот за државен удар на 15 јули скокнала за 20%.

Ова е неговата најголема популарност меѓу народот по 2012 година кога беше премиер.

На анкета скоро две третини од испитаниците, односно 68%  изјавиле дека се задоволни од работата на Ердоган, што е се за 21 поени повеќе од анкетата во јуни.

Само 27 % од анкетираните изјавиле дека не се задоволни од неговата политика, додека во јуни нивниот процент бил 47%.

Анкетата е спроведена од „Метропол“ во периодот од 28 јули до 1 август или  две недели по обидот за пуч. Во истражувањето беа опфатени 1.275 луѓе.

Слично

Поврзани вести