СКОК НА ДОЛАРОТ: Како стои во однос на еврото и јенот?
Доларот скокна поради најновите чекори кои ги презема Фед.
Доларовиот индекс што ја покажува вредност на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна денеска 97,62 бода, што е највисоко ниво од крајот на мај.
Растот на вредноста на доларот е поради вчерашните коментари на Вилијам Дадли претседател на оддел на Фед во Њујорк кој рече дека инфлацијата во САД е малку успорена, но дека очекува нејзин раст.
„Ситуацијата на пазарот на трудот и понатаму се подобрува, што ќе поттикне раст на платите, а тоа треба да влијае на јакнење на инфлациските притисоци“ - велу Дадли.
Фед минатата недела ги зголеми каматните стапки за 0,25 отстотни бодови во распон од 1,0 до 1,25%, вторпат во оваа година.Курсот на доларот во однос на јенот е зголемен за 0,1% на 111,70 јени, а во еден момент беше 111,90 јени што е највисоко ниво од 26 мај наваму. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,1150 долари додека вчера беше 1,1185 долари.
