Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОК НА ЦЕНИТЕ: Поскапуваат бензините и нафтата

СКОК НА ЦЕНИТЕ: Поскапуваат бензините и нафтата

Се коригираат цените на нафтените деривати во Македонија. 

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари.

Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Има раст на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 отсто.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 е 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 54 денари. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), сега изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Промена има на малопродажните цени на нафтените деривати поради  повисокиот курс на доларот во однос на денарот, во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.

Слично

Поврзани вести