Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОК НА ЦЕНИТЕ: Еве како ќе се точат горивата од денес

СКОК НА ЦЕНИТЕ: Еве како ќе се точат горивата од денес

Регулаторната комисија реши неделава цените на горивата да поскапат а како причина на тоа се наведуваат зголемените референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар .

Почнувајќи од полноќ, цените на горивата поскапуваат до еден денар по литар.

Тоа значи дека возачите ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе точат за 68,5 ден/лит или поскапо за еден денар од минатата недела.

Од друга страна ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) бележат скок на цените за половина денар по литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за  70,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 63 ден/литар.

52 денари ќе чини пак Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) .


Слично

Поврзани вести