Скок на цени на производителите на индустриски производи на странските пазари
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 2.3 % на месечно ниво, а за 6.0 % на годишно ниво.
Во февруари 2018, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.1 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.7 %. Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 35.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.2 %.
Сепак, продажните цени на производителите на индустриски производи, ако се гледаат вкупно, се повисоки за 1.5 % на месечно ниво, или за 4.1 % на годишно ниво.
