СКМ го охрабрува бизнисот: Учествувајте во европски проекти!
Домашните компании треба повеќе да учествуваат во европските конзорциуми и истражувачки центри за да се повлечат повеќе средства од европските фондови, сметаат од Стопанската комора на Македонија. Според претставниците на комората, на тој начин македонските компании ќе можат да го зголемат своето искуство со учество во конкретни проекти, но и да ги развиваат соствените капацитети.
„Македонските компании и институции треба да се борат со европските за добивање на проектите што значи дека мора да го задоволат одреденото ниво на квалитет“, порача Јадранка Аризанковска од СКМ.
Европската комисија веќе ги објави двете клучни програми за следните седум години, односно „Косме“ со вредност од 2,3 милијарди евра, со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија, а втората програма „Хоризонт 20-20“ со проектирани вкупно 80 милијарди евра за поврзување на науката со индустријата, финанисрање на истражувања.
Бирократските процедури се значително поедноставени што им овозможува на претпријатијата да се приклучуваат на конзорциуми и да реализираат одредени свои приоритети.
Слично
