Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скинат оптички кабел во тетовско, ја прекина мрежата Тетово – Теарце

Скинат оптички кабел во тетовско, ја прекина мрежата Тетово – Теарце
Од Македонски Tелеком известуваат дека е скинат оптичкиот кабел Тетово –Теарце, поради расчистувањето на патот од поплавите на мостот кај реката Порој. Бидејќи теренот не е пристапен, од Телеком најавуваат дека може да се пролонгира решавањето на проблемот. ,,Екипите за санација разгледуваат начин како да се надмине проблемот и се надеваат дека ќе се најде решение во што е можен најкраток рок “ – стои во соопштението на Македонски Телеком. Во прекин се Џепчиште, Теарце, Вратница и Попова Шапка.
Слично

Поврзани вести