Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер ќе прерасне во модерен ски центар

Скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер ќе прерасне во модерен ски центар
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната седница за пратенички прашања изјави дека е предвидена изградба на систем за производство на вештачки снег, кој ќе се користи за заснежување на скијачките патеки на Пелистер, како и реновирање на хотелот „Молика“. „Изградбата на системот предвидува да биде реализирана со инвестиција во износ од околу милион евра. Рокот за реализација почнува годинава, а завршува 2017 година. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за изградба на отворени базени на вода потребни за производство на ветачкиот снег по што ќе следи изградбата и набавката на целокупната опрема потребна за производство на снегот“, вели вицепремиерот Пешевски. Освен изградба на овој систем и реновирање на хотелот, предвидено е и да се воведат различни содржини за гостите, како што се спа центар и катче за најмладите. Оваа инвестиција чини околу 3 милиони евра, а треба да биде целосно реализирана до крајот на 2017 година.   Љ.Н.
Слично

Поврзани вести