Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скапотијата ги фрли на колена, оваа земја ја „тресе инфлациско цунами“

Скапотијата ги фрли на колена, оваа земја ја „тресе инфлациско цунами“

Европа се бори со инфлација, а состојната во Шведска е лоша. 

Инфлацијата во Шведска на крајот на минатата година, за првпат од 1991 година, е над 10 отсто. Податоците на шведскиот Институт за статистика покажуваат висока инфлација. 

Големо е поскапувањето на струјата, која во декември скокна за скоро 29 отсто во однос на претходниот месец. На годишно ниво струјата поскапела за 45,3 отсто, храната за 18,6 отсто, мебелот и покуќнината за 16,3 отсто, а горивото за 16,7 отсто.

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), многу земји годинава ќе влезат во рецесија и оваа година на економски план може дури да биде и полоша од 2022. 

Сепак, САД е една од ретките земји кој ќе се спаси од рецесија. 

Многу е лоша состојбата во Аргентина, каде народот се соочува со „инфлациско цунами“.

Слично

Поврзани вести