СКАПО СМЕСТУВАЊЕ ВО СЕЗОНА: Цените достигнуваат и по 310 евра од ден
Во средна Далмација цените се највисоки на Хвар, Брач и Вис.
Понатаму следат Сплит, Брела и Башка Вода каде апартман чини над 70 евра по ден.
Во северна Далмација има поповолни цени, а ако се гледа според пребарувања на огласниците, за тој дел има најголем интерес.
Сместувањео во Дубровник е многу скапо, иако цените во однос на лани се намалиле за 5%. Шибеник е за 10% поевтин од Задар и таму цените за апартман чинат од 55 до 60 евра.
Луксузни апартмани во Сплит со базен дневно можат да чинат и по 310 евра.
Во Загреб апартман може да се најде за 20 евра дневно, а просечна цена е од 40 до 45 евра, но важно е да се напомене дека во сезоната сместувањето во Загреб е за 30% поповолно отколку на море во Хрватска.
Слично
