Скапата струја ја дигна Бугарија на нозе, протестираа илјадници луѓе низ државата
Илјадници лица денеска протестира во повеќе градови во Бугарија како револт на исклучително високите цени на електричната енергија во јануари.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, во бугарскиот главен град Софија околу 3.000 лица излегоа пред парламентот и министерствата за економија и енергетика носејќи слогани „струја+невработеност=геноцид“ и извикувајќи „мафија“ и „поднесете оставки“.
Протести се одржани во десетина други градови, меѓу кои и Варна, на брегот на Црно Море, каде околу 5.000 лица демонстрираа пред зградата на електродистрибуција.
Бранот протести во Бугарија почна пред неколку дена и добива се поголем број приврзаници. Демонстрантите тврдат дека сметките за електрична енергија ги надминуваат реалните цени за околу 120 проценти.
Европската комисија минатиот месец соопшти дека Бугарија, Велика Британија и Естонија се пријавени пред Европскиот суд на правдата во Стразбур бидејќи не ги исполниле во целост правилата на ЕУ за либерализација на пазарот на енергија
Слично
