Скапа канцеларија, а резултати – НИКАДЕ!
Седум илјади евра месечно го чини Градот Скопје канцеларијата во Брисел која треба да помогне за полесен пристап на градот до европските фондови. Во неа работи само еден човек, а градоначалникот Коце Трајановски признава дека и самиот не е задоволен од резултатите на ова претставништво.
Сепак, не верува дека решението е во затворање на Канцеларијата.
„Имаме постојани контакти и можам да кажам дека ниту јас не сум целосно задоволен. Но оној кој сака да се пробие на пазарот во Брисел треба да знае дека е потребно време, квалитетни луѓе и поголем тим. Ја замолив канцеларијата на Виена да ни помогне, а од таму ни рекоа дека ќе добиеме помош од нивната куќа. Замислете, Виена таму има куќа. Мислам дека во иднина треба кадровски да размислиме за оваа канцеларија и да не се откажуваме“, вели Трајановски, кој за ова одговараше на советничко прашање од советничката од СДСМ, Линдита Атанасовска.
Половина од канцеларијата ја финансира Градот Скопје, а останатите средства се одвојуваат од останатите скопски општини.
Слично
