Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скап подарок од САД за хрватската војска

Скап подарок од САД за хрватската војска
Во Хрватска денеска пристигнаа првите 30, од вкупно 212 оклопни возила со специјална противминска и противбалистичка заштита од типот МРАП (Mine Resistant Ambush Protected), кои Владата на САД ù ги подарува на хрватската армија. Освен овие 30, во Хрватска треба да пристигнат уште 162 оклопни борбени транспортери и 20 санитетски оклопни возила од истиот тип. Вкупната вредност на донацијата е околу 10 милиони евра, а староста на возилата е неколку години со просечно поминати 20 илјади километри. „Ова е уште една потврда дека сАД се стратешки партнер на Хрватска“, изјави началникот на Генералштабот на хрватските вооружени сили Драго Ловриќ. Донираните оклопни возила ќе ги заменат застарените ТИР транспортери на хрватската војска, кои ја немаа потребната балистичка и минска заштита.
Слично

Поврзани вести