СКАНДАЛ ВО СРБИЈА - „ВУЧИЌ ИТНО ПРАТИЛ МИНИСТЕР ВО МОСКВА НА ОДВИКНУВАЊЕ ОД НАРКОТИЦИ“ - тврди српски адвокат
Адвокатот Никола Лакиќ на Твитер напиша дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испратил министер од сегашниот состав на Владата на Србија, во Москва, да закаже одвикување од наркотици на една клиника.
Лакиќ, кој претходно беше дел од Народната партија и член на тимот на Здравко Понош на неодамнешните државни претседателски избори, наведува дека „Србија е единствената земја во светот“ каде што се случуваат вакви работи.
„Србија е единствената земја во светот која има морален изрод како министер, кого претседателот на државата итно го испрати во Москва пред два дена, за да организира одвикнување од наркотици во позната клиника“, напиша тој.
Да потсетиме, на неодамнешната прес-конференција основачот на движењето „СРЦЕ“, Здравко Понош, изнесе информација за министерот кој наводно се лекува од наркотици, велејќи дека поради ова претседателот на Србија, Александар Вучиќ , одлучи да не го покани во новата Влада на Србија.
Обраќајќи му се на шефот на српската држава Александар Вучиќ, за кого рече дека има одговорност за тоа што му се случи на границата, Понош рече дека претседателот на Србија нема да биде амнестиран само поради тоа што не го враќа еден од неговите министри повторно на владиното столче само затоа што мора да го испрати „на рехабилитација од дрога“.
„Нема да го амнестира тоа што овојпат одлучи да не именува еден од тие министри повторно на министерската фотелја само затоа што мораше да го прати на рехабилитација од наркотици (Александра Вучиќ, забелешка на авторот). Дури ни тоа што некого нема да постави на министерско место, затоа што тоа е најмногу што може, затоа што нема да го прати во затвор, иако има доволно аргументи, затоа што може и да го одвлече во затвор. Тоа не е доволно, некогаш некој ќе треба да одговара за ова“, рече тој.
Srbija je jedina država na svetu koja za ministra ima moralnu nakazu koga predsednik države pre dva dana hitno šalje u Moskvu, kako bi u poznatoj klinici dogovorio odvikavanje od narkotika.
— Nikola Lakic (@NikolaLaki3) August 21, 2022
Ozbiljna ludnica!
Извор: Нова.рс
Фото: Твитер
