Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ВО СЛОВЕНИЈА: Докторка фалсификувала ковид-сертификати, граѓаните плаќале 50 евра за потврдата

СКАНДАЛ ВО СЛОВЕНИЈА: Докторка фалсификувала ковид-сертификати, граѓаните плаќале 50 евра за потврдата

Големиот скандал во Словенија, кој го обелодени новинарка открива дека докторка во Помурје фалсификувала ковид сертификати за кои граѓаните плаќале 50 евра. Истовремено докторката  наместо ПЦР тест или потврда за прележаност доволно, барала само пациентот да има антитела., Како што пренесува МИА, Лекарската комора на Словенија ја пријавила докторката, а ја фатиле благодарение на новинарка која ѝ се претставила на докторката како пациентка и добила ветување дека ќе добие потврда ако плати и ѝ бидат проверени антителата.

По барање на новинарката реагирал Националниот институт за јавно здравје на Словенија. Постапката трае, а деталите ќе бидат познати кога таа ќе заврши.

За да им се издаде ковид-потврда на граѓаните во Словенија треба или да се вакцинирале со две дози или да прележале корона пред не повеќе од 180 дена и истото да го докажат со позитивен ПЦР тест од времето кога биле заболени.


Слично

Поврзани вести