Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скандал во Кипар: Министерот си го загуби службениот автомобил!

Скандал во Кипар: Министерот си го загуби службениот автомобил!

Денеска министерот за трговија на Кипар, Неоклис Силикиотис, бил пречекан од судски извршители кои го симнале од службениот автомобил за да му го конфискуваат, соопшуваат кипарските грчки медиуми.

Како што пренесуваат кипарските медиуми, утрово судски службеници отишле во министерството за да ја исполнат судската наредба за конфискација на државен движен имот вреден 15 милиони евра.

Пред зградата бил испратен камион за транспорт на возила, на кој требало да се натоварат автомобили, мебел, компјутери и друга опрема со цел да се платат обврските на државата кон приватни лица заради отуѓени терени.

Сепак, на судските извршители не им било дозволено да влезат во министерството, бидејќи судската процедура не е завршена. Затоа Силикиотис бил запрен при неговото пристигнување пред зградата и истеран од автомобилот, јавија медиумите.

Судските извршители поднеле жалба во полицијата заради спречување на нивната работа.

Слично

Поврзани вести