Скандал во Кина – Земале милиони за фантомски електрични автобуси
Кина во изминатата година се гордееше како најнапредна нација која е во прашање производството на електрични возила, но сега се соочува со мега скандал откако пет компании земале 120 милиони долари од државни субвенции но, никогаш не произвеле вистински електричен автобус.
Петте компании со производствени капацитети во гигантскиот Женшен направиле само тест модел на електричен автобус кој штеди гориво и е многу ефикасен, но освен „макетата“ и земените субвенции нема никакво реално производство ниту напредок на технологијата. Сега кинеските власти ќе спроведат голема акција против бизнисмените за корупција на кои им се закануваат дури и смртни казни.
Под истрага се и други компании, меѓу кои и топ брендовите како Nissan Motor, Hyundai Motor и најуспешните кинески автомобилски фирми Chery и Geely.
Слично
