СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА-ВИСОКИ ПОЛИТИЧАРИ ПОД ИСТРАГА: Уапсен е министерот Хорват по сомневањата за повеќемилионски малверзации
Хрватскиот
министер за градежништво Дарко Хорват денеска е уапсен, а тој е обвинет за
злоупотреба на службената положба, изјави неговиот адвокат Владимир Терешак.
- Хорват не беше однесен на сослушување. Беше направен претрес во неговата куќа, по што тој беше уапсен и попладне ќе биде сослушан изјави Терешак.
Претставник на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал / УСКОК / изјави дека со ова истражување биле опфатени повеќе лица, а еден од уапсените е државен функционер, пренесуваат хрватските медиуми.
Посотои основано сомнени дека сториле кривични дела против службената должност“, изјави функционерот од УСКОК.
Според неофицијални податоци, заедно со министерот Дарко Хорват, на удар на истражителите биле и вицепремиерот Борис Милошевиќ, државниот секретар на Министерството за регионален развој Велимир Зунац и директорката на Управата за потпомогнати области Катица Мишковиќ.
Меѓу осомничените се и поранешниот министер Томислав Толушиќ и помошничката на Хорват, Ана Мандач, која поднесе оставка откако беше осомничена во аферата „Ветерни електрани“ со поранешниот државен секретар Јосип Римац.
Според неофицијални информации, спорно е издвојувањето пари од програмата за развој на претприемништвото и занаетчиството во областите населени со припадници на националните малцинства.
FOTO: DNEVNIK.HR / SCREENSHOT