Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ: Претседателот на ДИК одби да му го даде уверението на Иванов за избран претседател

СКАНДАЛ: Претседателот на ДИК одби да му го даде уверението на Иванов за избран претседател
Новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов денеска го подигна своето уверение за избор од Државната изборна комисија. Но, за разлика од вообичаената практика, предавањето на уверението не го изврши претседателот на највисокиот изборен орган Никола Рилкоски, туку членот на ДИК избран по предлог на ДПА Бедредин Ибраими. Иванов, освен Рилкоски го бојкотираше и другиот член предложен од СДСМ Виолета Дума, како и заменик-претседателот на ДИК Субхи Јакупи, кој во комисијата членува на предлог на ДУИ. Ваквата постапка на членовите од СДСМ се објаснува со непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата. За ДУИ, пак, потегот е очекуван со оглед на тоа што партијата целосно ги бојкотираше изборите токму заради повторното предлагање на иванов за функцијата. Изборот за претседател на Иванов, покрај Ибраими, му го честитаа и членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ - Анета Стефановска, Сашо Срцев и Влатко Сајковски. По подигањето на уверението Иванов не сакаше пред медиумите да го коментира бојкотот со кој се соочи во ДИК. Инаугурацијата со која Иванов треба да го преземе вториот претседателски мандат треба да се одржи во првата половина од месецов, а најдоцна до 12 мај.
Слично

Поврзани вести