Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ: Полицијата открива местење на телефонското гласање за Скопскиот фестивал

СКАНДАЛ: Полицијата открива местење на телефонското гласање за Скопскиот фестивал
Голема полициска акција на МВР била спроведена синоќа во неколку скопски локали. На распит во полициска станица биле донесени повеќе лица, меѓу кои и познати личности, но и малолетници, поради сомнение дека се обиделе да го наместат телефонското гласање на Скопскиот фестивал. Кај повиканите биле откриени повеќе СИМ картички со кои полицијата се сомнева дека била извршена измама при гласањето и се влијаело на резултатот. Нема информации кој закон го прекршиле лицата што гласале од повеќе различни телефонски картички. Ова е прва ваква акција на Министерството и доколку се докаже малверзацијата, ќе следуваат соодветни пријави и мерки, најавуваат од МВР. Полицијата не открива дали местењето успеало и за кој од изведувачите се гласало организирано. На фестивалот победи Даниел Кајмакоски со песната „Лисја есенски“, кој треба да ја претставува Македонија на Евровизија, а доби и парична награда од 20.000 евра. (ВИДЕО) Слушнете ја песната што ќе ја претставува Македонија на Евросонг!    
Слично

Поврзани вести