СКАНДАЛ: Месо од угинати животни го спремале за продажба!
Две лица се уапсени во Сремска Митровица во Србија поради сомнение дека преработувале месо од угинатата стока во поплавите и го продавале на пазар, соопшти полициската управа во овој град.
Во багажникот на автомобилот на двајцата осомничени, стари 25 и 26 години, полицијата пронашла околу 100 килограми обработено свинско месо. Полицајците се сомневаат дека осомничените ги извлекувале угинатите животни од сточни гробишта, го сечеле месото и го продавале, стои во полициското соопштение.
Полицијата го одзела месото и ја известила санитарната и ветеринарната инспекција, кои веднаш излегле на терен и потврдиле дека месото не е за исхрана,
По налог на инспекторите, месото било уништено. На осумнилените им е одреден притвор од 48 часа, а се соочуваат со обвинение за кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни производи“.
Непознато е дали и колку вакво месо заврпило на терпезите.