Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ М-НАВ, ВРВОТ ЈА КОЧИ ОБУКАТА НА ОСУМ ИЗБРАНИ КАНДИДАТИ - дали нечии деца останаа надвор од игра

СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ М-НАВ, ВРВОТ ЈА КОЧИ ОБУКАТА НА ОСУМ ИЗБРАНИ КАНДИДАТИ - дали нечии деца останаа надвор од игра

Јавноста е скандализирана од најновиот процес на примање на вработени во М-НАВ. Сега се поставува прашањето дали ќе се поништи конкурсот за обука на нови контролори за летање?

Ова следува откако синдикатот и здружението на контролори на државаната комапнија за следење на цивилниот авиосообраќај, обвинија дека тројцата директори намерно го кочат стартот на обуката на најквалитетните кадри. Оттаму појаснија дека од 270 пријавени кандидати, строгите тестови според критериумите на Еуроконтрол кои ги спроведувала лиценцирана данска компанија, и нив ги поминале само осум кандидати. Но, проблемот настанал што меѓу избраните осуммина, не се нашле децата на одредени високи државни функционери кои биле пријавени, како и, како што велат, синовите на двајцата директори на М-нав. Односно, тие не го поминале успешно ниту првиот круг од тестирањето.

Иако селекцијата е завршена, Управниот одбор на М-нав се уште ги нема потпишано документите за да стартува обуката. Притиа, треба да се напомене дека таа државна компанија вчера остана и без 12 вработени, меѓу кои заменици, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори, кои поднесоа оставки поради самоволието на тројцата директори.

А, Управниот одбор на М-нав се сомневал во компетентноста на Данците кои ги правеле тестирањата. Преку писмен коментар од М-НАВ објасниле дека тие не го кочат почетокот на обуката, туку дека се бара објаснување од експертите од Данска како се дошло до избор на овие осум кандидати.

Слично

Поврзани вести