Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ДИПЛОМАТИЈА: Уште еден амбасадор се пишмани пред заминување

СКАНДАЛ ДИПЛОМАТИЈА: Уште еден амбасадор се пишмани пред заминување
Само месец и половина пред да замине на должност во една од најмоќните европски земји, назначениот македонски амбасадор во Германија Ненад Колев се повлекол од функцијата и одлучил да не патува за Берлин, објави ТВ 24 Вести. Во истовреме, Колев поднел оставка и на функцијата директор за економската дипломатија во МНР. Неофицијално, оставката ја поднел на 9 јули поради несогласувања со шефот на дипломатијата Никола Попоски, со кого имале разидувања и околу последните подготовки пред заминувањето во дипломатска мисија. Од МНР, за 24 Вести, ја потврдиле оставката, но тврдат дека причините се лични, а не станува збор за недоверба од страна на Попоски. Но, останува отворено прашањето каква порака се испраќа до официјален Берлин, од каде уште кон крајот на јануари издале агреман со кој го прифатиле Колев на амбасадорската функција. За оставката бил информиран и шефот на државата Ѓорге Иванов, кој исто така дава согласност за испраќање на македонските амбасадори во странство. Колев, професионален дипломат вработен во МНР од 1997 година, го следи потегот на амбасадорот Никола Димитров, кој пред само неколку месеци одлучи да се повлече и да не замине на амбасадорската функција во Москва, каде требаше да ја продолжи дипломатската кариера по завршувањето на мандатот во Холандија.
Слично

Поврзани вести