СК: Новиот предлог-буџет е добар, нема дополнителни давачки за бизнис секторот
Стопанската комора на Македонија оценува дека Предлог-буџетот за 2013 година е добар, посебно во делот на расходната страна каде не се планирани дополнителни оптоварувања за бизнис секторот.
„На расходната страна добро е тоа што имаме пораст на расходите за капитални инвестиции од 10,4 отсто коишто главно се насочени кон нашите барања што досега ги имавме доставувани, а тоа се пред се Коридорот 10, односно Демир Капија-Смоквица, железничката инфраструктура Куманово- Бељаковце, како и отпочнувањето на активностите во врска со гасификацијата“, изјави денеска Стојмирка Тасева од Стопанската комора на Македонија.
Слично
