СК/14 – лудачки проект за насилна европеизација?
„Кога ќе се спомене Грција, секој образован човек во Европа, а особено во Германија, го обзема некое чувство како да се зборува за неговата сопствена татковина“. Ова, драги мои не се мои зборови. На Хегела се, на тој умниот, можеби најумниот меѓу философите; на строгиот и дисциплиниран Германец – Хегел, за кој замислете, Грција и исто толку татковина, колку и Германија!? Дали ние знаеме нешто што Хегел не знаел!? Дали конечно ќе ја пресвртиме историјата на Европа и тектонски ќе ги пореметиме нејзините културни, научни и историски темели!? Ако Хегел веруваше погрешно, дека колевката на европската цивилизација е античка Грција, ќе ги разубедиме ли модерните „хегели“, дека тоа е вештачки проект на сонародникот на Хегела, Ото – првиот крал на модерна Грција? Дури и да го докажеме тоа дека е така, а така е, ќе успееме ли да се „подметнеме“ како темел на европската историја, преку фамозниот проект „Скопје-2014“!?
Трите конститутивни фактори на европската цивилизација и историја се:
- античката наука (епистемолошки основи)
- римско право (политичко-правен контекст)
- западно христијанство (протестантски дух)
Слично
