Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО за ВМРО-ДПМНЕ е непрофесионална и пристрасна институција

СЈО за ВМРО-ДПМНЕ е непрофесионална и пристрасна институција

СЈО со секоја своја нова прес конференција покажува дека работи повеќе како политичко а помалку како обвинителско тело и со тоа се повеќе ги руши очекувањата на јавноста и довербата која му беше дадена преку партиите со договорот од Пржино со кој што беше формирано ова обвинителство кое требаше да биде професионална и независна институција.

Ова го изјави денеска Антонио Милошоски во име на владеачката партија.

„Наместо независна и професионална институција која ќе постапува исклучиво врз основа на закон и ќе работи само со докази и аргументи при испитувањето на материјалите поврзани со незаконското следење на комуникациите, ние гледаме дека СЈО настапува како политичка, непрофесионална и пристрасна институција која што ги заобиколува законите и настапува партиски по претходно утврдена агенда. Станува јасно дека Специјалното јавно обвинителство со низа политички настапи, надвор од секаков правен контекст, го губи кредибилитетот кај јавноста“, изјави Милошоски  .

Тој истакна дека никој не очекува, ниту може да добие објективен одговор од д тимот на Катица Јанева, а најмалку од госпоѓата Јанева, туку вели дека од неа можело да се очекува само глумење и натамошно политичко ангажирање во кампањата на Заев.

„Граѓаните треба да знаат дека театралните прес конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостатокот од аргументи. Театралните прес конференции на СЈО имаат исто така цел да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група на граѓани. Се разбира настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостатокот  од политичка програма и платформа на СДСМ. Да не настапуваше СЈО на такви театрални прес конференции СДСМ немаше да биде присутен во политилката јавност во изминатиов период. Очекуваме дека и во иднина тие ќе настапуваат на ваков политички начин. Театралните прес конференции сигурно немаат за цел да направат правна разврска на случаите бидејќи дури после поднесеното барање за отворање на истраги од Специјалното обвинителство би се знаело дали навистина постојат некакви докази за оформување на обвинителни акти“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести