СЈО:За „ТНТ“ го избравме Архитектонскиот факултет, кои го предложија Грчев
Специјалната обвинителка, Ленче Ристовска денеска на прес-конференција за ангажирањето на Мирослав Грчев, како вештак во случајот „ТНТ“ таа рече изборот го направил Архитектонскиот факултет.
„Во наредбата избравме висока образовна институција, Архитектонскиот факултет како најстара инсититуција која ужива висок кредибилитет во судството. Беше оставено во рамките на Архитектонскиот факултет да се изврши такво вештачење. Не постоеја основи во рамките на постапката да биде изземено. Одбраната има законска можност во фаза на истрага да изберат технички советници и доколку се покажат различни резултати. Во ниту еден момент не е прекршена никаква законска одредба“- вели Ристовска.
На прашањето дали СЈО ќе има време да ја заврши својата работа во рамките на предвидениот рок на траење на мандатот, обвинителката објасни дека имаат 540.646 снимки , кои во просек траат минута и пол. Ако 11 обвинители 3 часа слушаат, ќе им треба година и пол само да ги ислушаат, објаснува Ристовска и додава дека овие статистички пресметки покажуваат дека роковите ги притискаат.
