СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица
Специјалното јавно обвинителство води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица.
Ова денеска го соопшти специјалната обвинителка, Ленче Ристовска. Голем дел од тие постапки се фокусирани на финансиски истраги.
„Не сме во можност да споделиме повеќе информации за нашите постапки, но тука сме и работиме постојано. Голем дел од нашите постапки се фокусирани на финансиски истраги кои бараат време да се собере и анализира доказниот материјал“ – рече таа.
Ристовска вели дека уште чекаат одговор од претседателот Ѓорѓе Иванов од каде му се податоците за лицата кои ги помилуваше на 12 април. СЈО два пати досега има побарано одговор од Кабинетот на претседателот.
Таа додава дека СЈО доследно го применува начелото за пресумпција на невиноста.
Ристовска вели дека во интерес на граѓаните е да се открие што се треба да биде предмет на истрага од прислушкуваните разговори.
Таа денеска одговараше на новинарски прашања. Новинарите прашува дали ангажирале експерти, дали сите материјали се предадени во СЈО и друго.
