Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ВО ПОТРАГА: Дали градоначалникот Талевски има имот во Хрватска?

СЈО ВО ПОТРАГА: Дали градоначалникот Талевски има имот во Хрватска?

Истрагата за случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е битолскиот градоначалник Владимир Талески стигна и до Хрватска, објави Нова ТВ.

Специјалното обвинителство добило сознанија дека тој поседува куќа на море, по што оваа институција испратила барање до хрватските институции да проверат дали на име на Талески постои имот во оваа земја, велат извори од СЈО за Нова ТВ.

Според изворите, хрватските власти одговориле дека на име на Талески нема имот во Хрватска, но не е исклучена можноста да постои имот на друго име, блиско до градоначалникот.

На оваа тема Талески беше недостапен за  коментар.

Во предметот „Транспортер“ отворен од СЈО, Талевски се товари за злоупотреби со училишен превоз во општината.

Слично

Поврзани вести