Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО трага по „бегалец“, се подготвуваат обвиненија за 6 лица!

СЈО трага по „бегалец“, се подготвуваат обвиненија за 6 лица!
Шест лица се товарат за кривично дело неовластено прислушкување и тонско снимање, а дали меѓу нив е и началникот на петтата управа по кој моментално трага СЈО е се уште непознато, но е многу веројатно. СЈО веќе потврди дека има налог за претрес, издадена е и наредба за лишување од слобода и поднесен е предлог за притвор. Обвинителите доставиле барање до судијата н да даде налог за претрес во домот на шефот на петата управа, со цел да се обезбедат докази, но судијата одбил, по што СЈО издало налог тој да биде обезбеден за распит. Сепак, не се знае каде е осомничениот. Горан Груевски е началник на оваа фамозна петта управа при МВР. Управата за оперативна техника или во јавноста позната како „Петта управа“ е обвитканa во мистерија. Сите податоци што влегуваат во неа се доверливи, а затворени се и седниците на собраниската комисија која треба да врши надзор над ова тело. Непознат е дури и бројот на вработените во УБК, ниту структурата на органот со кој тој раководи. Обваа Управа треба да работи во насока на спречување на активности кои водат кон загрозување или уривање на демократските институции со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал. Таму се слеваат сензитивни информации. ИНТЕРВЈУ ЧАРЛС ГАРЕТ: Да престанат опструкциите врз работата на Јанева и Специјалното Јавно Обвинителство! Сепак, по обелоденувањето на прислушуванитѕе разговори главниот сомнеж падна токму на петтата управа, како место од каде се координирал целиот процес.
Слично

Поврзани вести