СЈО со тужба до Основниот суд оти нема мерки на претпазливост за Груевски и Јанакиески
Кривичниот суд во Скопје вчера ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство и не изрече мерки на претпазливост за Никола Груевски , Миле Јанакиески и Тони Трајковски. кои се осомничени во истрагата „ТНТ“.
Катица Јанева и тимот специјални обвинители вчера побараа на осомничените во случајот„ ТНТ" да им се одземат пасошите и редовно да се јавуваат во судот, но наидоа на одбивање и барањата беа карактеризирани како неосновани .
Решенијата од Судот дека се одбиваат барањата сеуште не стигнале на адреса на СЈО, а роковите за жалба почнуваат да течат кога решенијата ќе стигнат до оваа институција.
Вчера тројцата функционери кои ги сомничи СЈО за уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски се појавија на распит во Основниот суд.
Сите тројца негираат дека се виновни за рушењето на објектот.
