СЈО се соочува со опструкции, институциите не соработуваат
СЈО се соочува со несоработка од сите институции, а намерата е да се успори работата на СЈО, се наведува во анализата на Хелсиншкиот комитет.
Анализирани се правосудството, борбата против корупција и темелните права. Довербата на граѓаните во Уставниот суд е видно намалена, се потенцира во анализата на Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет. Овие заклучоци и резултати беа презентирана денеска во посебна публикација. Извештајот е за периодот од јули 2015 до крајот на април 2016 година.
„Доколку ја споредите работата на Уставниот суд од 2010 до минатата година, ќе видите дека довербата на граѓаните во Уставниот суд драстично е намалена“ – вели Воислав Стојановски oд Хелсиншки комитет. Александар Јованоски од Институтот за европска политика додава дека анализата го потврдува она што сите го знаеле, а тоа е уназадувањето на слободата на медиумите. Тој смета дека е потребна деполитизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
