Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ПОТВРДИ: Во домот на Грујовски е најден тефтер, содржината не ја коментираме

СЈО ПОТВРДИ: Во домот на Грујовски е најден тефтер, содржината не ја коментираме

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, потврди за Мета портпаролката на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Ленче Ристовска.

Таа во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира содржината на тефтерот.

„Станува збор за истрага во која ни се неопходни релеватни податоци. Не знаеме како дошле до јавноста овие информации. Можам да ви потврдам дека во домот на осомничениот е најден тефтер, но во интерес на истрагата нема да ја коментираме неговата содржина. Кога постапката ќе биде завршена и кога ќе имаме релевантни податоци, ќе ја информираме јавноста“ - изјави Ристовска за Мета.

Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од чија содржина произлегува дека агенти на УБК или други лица, професионалци, ги следеле обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести