СЈО покрена нова истрага – „Транспортер“- Во фокусот градоначалникот на Битола!
Акцентот во новата истрага која денеска ја претстави Специјалното јавно обвинителство е ставен на градоначланикот на општина Битола Владимир Талевски.
Специјалните обвинителки соопштуваат дека Битола на превозните компании за превоз на учениците им плаќала поскапо од Токио.
-Во конкретниот случај постои основано сомневање дека градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и претедателот на комисијата за јавни набавки, во договор со директорите на училиштата и раководните лица на повеќе превозни компании, организирале превоз за учениците во општината, кој е најскап во светот. Тие ја ја оштетиле државата за голема сума пари, истакна Фетаи.
Хера турс, Џемс турс, Турист превоз и други се првозниците кои се вклучени во истрагата .
Да напоменеме и дека на прес конференцијата присуствуваат амбасадорите на Велика Британија, Германија и на Италија.
Детали следуваат наскоро.
