Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО почна нова акција „Тортура“- за апсењето на Љубе Бошкоски

СЈО почна нова акција „Тортура“- за апсењето на Љубе Бошкоски

После 45 дена од првата пре конференција и тогаш соопштената акција „Титаник“, СЈО и трите специјални обвинителки Катица, Фетаи и Ленче, на прес конференицјата која е во тек соопштија дека покренало нова акција која во јавноста ќе биде позната како „Тортура“.

„Овој случај е сосема различен од „Титаник“ и според прибавените докази на СЈО произлезе основано сомнение дека инволвираните лица, освен оштетениот биле живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескруполозноста на дел од полициските сили Алфи во изведување на апсење на политички противник на партијата која е на власт, која партија тогаш впрочем раководи и со полицијата“, соопшти Фатиме Фетаи.

Таа понатаму додаде дека тоа во Кривично правниот речник се нарекува „Тортура“ и таквото поведение е казниво по сите меѓународни стандарди конректно со Член 3 од Европската конвенција за човекови права а е казниво и според КЗ на Македонија директно со член 142.

„Конкретно ќе ви ги презентирам дејствијата на извршители на нечовечкото постапување при лишување од слобода на претседателот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошковски“, прецизираше Фетаи.

Фетаи соопшти дека еден ден по завршувањето на парламентарните избори прво осомничениот како службено лице директор на Управата за безбедност и  контраразузнавање поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба ги навел останатите осомничени полициските службеници во единицата алфи да во вршење на службата при лишување на слобода на осомничено лице оштетениот Љубе Бошковски кај истиот предизвикаат душевно страдање.

СЈО бара да се отвори постапка против седум лица од МВР и до судот предлага да изрече мерка претпазливост.

Слично

Поврзани вести