Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО отвори истрага и за предметот Маѓар Телеком и аферата „Надеж“

СЈО отвори истрага и за предметот Маѓар Телеком и аферата „Надеж“

Од Специјалното јавно обвинителство соопштија исто така дека се започнати предистражни постапки за предметот Маѓар Телеком, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава.

Од СЈО укажаа дека дека соработката со институциите оди навистина тешко а последица на тоа е одолговлекување на одредени предистражни постапки.

Имено, СЈО ги демантираше, како што велат  невистини и непроверени факти соопштени од страна на Советот при последната изјава за јавноста притоа појаснија дека тие немаат удска полиција и не била користена асистенција на полициски службеници да некој биде отстранет од работа, за што сведочат и видео записите од нивните безбедносни камери.

Поради обидите за дискредитација од одредени политички партии од СЈО упатија порака до сите политички фактори во земјава дека тие се професионално и независно обвинителство, кое работи исклучиво согласно законот и преку почитување на правата на сите лица во кривичната постапка, ќе обезбеди спроведување на независни и професионални истраги.

СЈО се оградува во целост од изјавите на политичките партии кои се обидуваат работата на ова Јавно обвинителство да ја прикажат во сопствена корист образложувајќи дека нивен единствен фокус е борбата против криминалот во согласност со надлежностите дадени  со уставот и законите.

Слично

Поврзани вести