Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО не добило покана од комисијата за политички систем?

СЈО не добило покана од комисијата за политички систем?
Од Специјалното јавно обвинителство денеска демантираа дека добиле писмена покана од комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.  Од СЈО допрва ќе одлучуваат дали ќе учествуваат во расправата. Портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска е категорична дека немаат законска обврска за присуство на седницата. „Специјалното обвинителство е независно и професионално тело и не е обврзано да го презентира извештајот пред Собранието, ниту пред Советот на јавни обвинители. Нашиот извештај истиот ден кога го доставивме беше јавно објавен и достапен до јавноста и не гледаме причина да го браниме“ - изјави Ристоска. Портпаролката вели дека не добиле покана ниту за в среда за седницата на Советот на јавни обвинители.
Слично

Поврзани вести