СЈО му ги даде потребните информации на Основното обвинителство за случајот на Крпач
Случајот со Коста Крпач се повеќе тоне во мистерија.
Денеска од Специјалното јавно обвинителство соопштија дека побарале меѓуинституционална соработка со Основното обинителство и дека до таа институција се доставени податоци кои може да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на лицето Коста Крпач.
Меѓутоа, како што соопштуваат од СЈО до скопското обвинителство ги доставиле само оние информации и списи кои биле барани и биле поврзани со случајот на Крпач, додека оние кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила смртта на веќе покојниот не се споделени бидејќи, како што велат истите се дел од предистражна постапка пред ова Јавно обвинителство која е во тек.
Од СЈО велат дека иако го прифатиле барањето за меѓуинституционална соработка и во целост соработувале со Основното јавно обвинителство Скопје, за жал од нивна страна отсуствува ваков однос на целосна и професионална соработка.
