Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ќе истражува за кинеските кредити за автопатите

СЈО ќе истражува за кинеските кредити за автопатите

По наредба на Специјалното јавно обвинителство инспектори веќе влегле во Агенцијата за државни патишта, во врска со изградбата на автопати со кинески компании.

Од СЈО потврдуваат дека е отворена предистрага. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лани објави снимки од „бомбите“ во кои зборуваат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Тие  договарат како кинеска компанија да ги гради автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Според објавеното од „бомбите“ било во план две компании да се изберат, а потоа бираат само една кинеска фирма за двата патни правци. Во „бомбите“ се слуша како договарат и провизија која изнесува 5% или  околу 25 милиони евра.
Слично

Поврзани вести