Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ќе истражува четири предмети од проектот „Скопје 2014“

СЈО ќе истражува четири предмети од проектот „Скопје 2014“

Четири предмети поврзани со проектот „Скопје 2014“ од Општина Центар по барање на Специјалното јавно обвинителство се преземени за истражување.

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска за Плусинфо потврди дека СЈО презело четири предмети кои се во предистражна постапка.  

Според наодите на ревизорска комисија на општина Центар утврдено е дека станува збор за незаконитости поврзани со изградбата на спомениците Воин на коњ, Воин, Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, пред пет дена  одговарајќи на прашање од советниците за тоа дали по 2,5 години има одговор од Јавното обвинителство за предметот „Скопје 2014“, одговори дека прва активност по неговиот избор за градоначалник беше ревизија на контроверзниот проект.

Слично

Поврзани вести