Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ќе го презентира првиот извештај за работењето

СЈО ќе го презентира првиот извештај за работењето
Најдоцна до утре, Специјалното јавно обвинителство треба да го презентира првиот извештај за работењето. Од Специјалното јавно обвинителство, ќе ја почитуваат обврската и во текот на утрешниот ден извештајот ќе го достават до Собранието, Советот на јавни обвинители и тој ќе биде достапен  за јавноста. Во извештајот ќе има податоци за активностите на СЈО, опис на напредокот во која било истрага или гонење преземено од страна на јавниот обвинител. Специјалното јавно обвинителство досега отвори еден случај за изборни нерегуларности „Титаник“, а од обвинителството велат дека работат на уште неколку случаи. Започнати се 3 истражни постапки, но и 15 нови предистраги кои се однесуваат на проверки поврзани со злоупотреби на постапки за јавни набавки, финансирањето на медиумите, даночно затајување,  разни коруптивни дејствија, перење пари и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките што се однесуваат на градежни работи.  
Слично

Поврзани вести