Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ќе го истражува уривањето на комплексот „Космос“

СЈО ќе го истражува уривањето на комплексот „Космос“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска информираше дека отвораат нова истрага за уривањето на коплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на партијата ПЕИ, Фијат Цаноски.

Додава дека во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета. Јанева објансува дека во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба.

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „ТНТ“, презентираше неколку смс пораки кои откриваат како било договарано уривањето на комплексот „Космос“.

„Ова може да биде позитивен исчекор за тебе. Почни утре во 4 часот за да биде што треба“ и „ Не се грижи за утре, се е договорено и организирано, во договореното време дејствуваме. Ќе ми биде мило доколку присуствуваш на журката. Јас ќе отворам шампањско. Од вторник ти си на потег. Позз“, се дел од смс пораките помеѓу М.Ј. и Ф.И.“ - беше кажано на денешната прес-конференција.

Наредба и поддршка за овој настан имало од тогашното највисоко политичко раководство на државава, кажа Фетаи.

Во продолжение цело видео  од прес-конфеенцијата земено од НОВА ТВ

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/bucSxL3PYP0[/embed]
Слично

Поврзани вести