СЈО ја заврши конфискацијата од „Трансмет“, бара имот од „Силекс“
Специјалното јавно обвинителство го чека решението од Апелацискиот суд по нивната жалба од октомври за првостепената пресуда за случајот „Труст". Обвинителите на СЈО сметаат дека затворските казни треба да бидат поголеми и дека Законот за трговски друштва во овој случај дозволува конфискација на имот и на РИК „Силекс" од Кратово.
Според обвинението, осомничените раководителчи на двете фирми формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.
