Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Иванов ги спаси од затвор, но не и од одземање на украдените пари

СЈО: Иванов ги спаси од затвор, но не и од одземање на украдените пари

Помилувањето како акт на милостина од страна на претседателот Иванов, не ја опфаќа ниту кривичната одговорност од кривичното дело ниту штетата која истиот е должен да ја надомести. За тоа не е помилуван никој“, рече специјалната обвинителка Фатиме Фетаи која го образложуваше начинот на кој општина Битола и градоначалникот Владимир Талевски ја оштетиле државата за повеќе милиони денари за само две учебни години.

„Тука сме и работиме, а веруваме и дека правдата ќе победи“, изјави Специјалната обвинителка Катица Јанева која рече без разлика на случувањата од претходните денови  специјалните обвинители ќе продолжат со работа согласно законот за СЈО.

Специјалното јавно обвинителство ја одбива аболицјата на претседателот Иванов.

Истрагата се води под кодното име „Транспортер“ и според СЈО може да се заклучи дека Битола бил поскап град од Токио.

„Сведоци сме на најскапиот превоз во светот кој го плаќал градоначалникот на градот на конзулите- Битола“, рече специјалната обвинителка Фетаи опишувајќи го предметот кој се води против, сега веќе амнестираниот, градоначалник на Битола, Владимир Талески, против претседателот на комисијата за јавни набавки во општина Битола, во договор со директори на средни и основни училишта во Битола и со одговорни лица во повеќе претпријатија за превоз.

„Општина Битола преку градоначалникот Талески плаќала поскап превоз и од Токио со директни штетни последици за буџетот на градот и државата“, посочи Фетаи.

Против 22 лица СЈО покрена истрага поради злоупотреба на службена положба.

Воедно од СЈО истакнаа дека против битолскиот градоначалник се водат и други истражни постапки за други криминални активности со кои сѐуште претседателот не го ослободил од кривичните гонења.

Слично

Поврзани вести