Економија, финансии, бизнис

Контакт

СJO и Јанева бараат да не се одолговлекува Законот за јавнообвинителска служба

СJO и Јанева бараат да не се одолговлекува Законот за јавнообвинителска служба

Од специјалното јавно обвинителство денеска побараа надлежните да не го одолговлекуваат донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба.

Оттаму искажаа загриженост за досегашното одвивање на процесот при што потенцираат дека без овој закон функцирањето на СЈО ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се подеднакво неопходни како и јавнитеобвинители.

„Апелираме  до надлежните институции ургентно да пристапат кон носење на Законот, со укажување дека во интерес на целата јавност е овозможување на непречени услови за работа на ова Јавно обвинителство“ велат од специјалното обвинителство.

Исто така Јанева побара од сите оние кои поседуваат материјали а се поврзани со  Законот за заштита на приватноста и предавањето на материјалите од незаконското следење на комуникации да ги предаде истите согласно со законот.

Досега единствено од партијата на Заев е искажана подготвеност да се достават метеријалите кои потекнуваат од незаконското следење на комуникациите.

Слично

Поврзани вести