Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ги презема случаите „Маџар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски

СЈО ги презема случаите „Маџар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски

Случаите „Маџар Телеком“, „Шпион“, „Верушевски“ ќе ги истражува Специјалното јавно обвинителство,  објави денеска  специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Јавната обвинителка соопшти дека во текот на утрешниот ден до Советот на јавните обвинители ќе достави барање за да бидат предадени овие предмети во СЈО, бидејќи овие предмети, произлегуваат од законот за Специјалното јавно обвинителство и содржината на овие предмети се однесува на незаконското следење на комуникациите.

Јанева кажа  дека целокупната документција што ја барало СЈО,  е земена од Централниот регистар.

„Во конкретниот случај ја поздравуваме соработката со судот и изразуваме уверување дека сите институции од кои се побарани податоци или списи во рамки на законски дадените овластувања на ова обвинителство ќе постапат по нашите наредби“- вели таа.

Јанева кажа дека врз основа на Законот за кривична постапка, ќе поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, за незаконското лишување од слобода на осомничениот, Едмонд Темелко.

Taa појасни дека од 25 март СЈО има надлежност над предметот во јавноста познат како „Шпион” и дека од Апелациониот суд Скопје побарале да биде доставен овој предмет со сите списи.

Катица Јанева ги повика Собранието и институциите да се држат до препораките на Венецијанската комисија и ги нагласи препораките дека треба да се дозволи објавување на материјали кои се од јавен интерес.

Слично

Поврзани вести